Чуркин: Приоритет за Русија е избор на кандидат од Источна Европа за прв човек на ОН

Русија за приротетна задача го смета назначувањето на претставник на Источна Европа за следниот генерален секретар на Обдинетите нации, но смета дека има и други квалифицирани кандидати од други региони, изјави синоќа постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин.
- Тоа е приоритет, изјави тој како одговор на новинарско прашање дали за Русија е важно претставник на Источна Европа да дојде на таа функција.
Според него Москва отсекогаш била приврзаник на таа позиција.
Функцијата генерален секретар на ОН, која од 2007 година ја изршуваше Јужнокореецот Бан Ки-мун е празна од 1 јануари. До моментов за функцијата се борат 12 лица, меѓу кои поранешни претседатели на држави и министри за надворешни работи.
На 21 јули 15-члениот Советот за безбедност на ОН го одржа првото првично гласање на листата на кандидати, при на што на првата позиција се најде португалскиот поранешен премиер и поранешен врховен комесар на ОН за бегалци Антониу Гутереш. Тој освои 12 гласови „за“ и ниту еден „против“.
Во челната тројка влегоа и поранешниот претседател на Словенија Данило Тирк и генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова.
Според некои дипломати и набљудувачи доколку на следното првично гласање во рамки на процедурата за избор в петок никој не се изјасни против Гутереш, прашањето за неговиот избор практично ќе биде решено.
Чуркин, пак, повика да не се прават прдвремени заклучоци од првото првично гласање.
Затворените гласања во СБ ќе продолжат се додека некој од кандидатите не добие поддршка од сите 15 членови. Потоа ќе се одржи официјално отворено гласање и одлуката ќе биде доставена на усвојување во Генералното собрание на ОН.
Ново на Сител
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
