Чулев: Од десетици возила за кој е утврдено несоодветно користење, само едно е вратено
Mинистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кој вчера попладне испратил телеграма во Министерството за внатрешни работи и бара да се вратат триесетина возила меѓу кои и возила што ги користело обезбедувањето на неговиот претходник и сегашен технички премиер, Оливер Спасовски, во изјава за Фокус вели дека возилата се користеле несоодветно и тврди дека телеграмата била испратена во рамките на постапувањето согласно процедурите.
– Постапување согласно законите, процедурите и позитивните законски прописи е начинот на кој што работи актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи. Водењето сметка за инвентарот и опремата на министерството за внатрешни работи не е ‘спорна одлука’ туку само е еден дел тоа постапување. Без да сакаме да навлеземе во дневно политички интриги креирани од партиските кујни на СДСМ, најостро ги демантираме наводите и невистините објавени во текстот и апелираме до медиумите и новинарите да ги почитуваат принципите на етичко известување. За волја на вистината од десетици возила за кој е утврдено несоодветно користење, само едно е вратено, а останатите сеуште се користат надвор од правилата и процедурите на МВР, вели Чулев во изјава за Фокус.
Ново на Сител
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт