Чулев и Петровска ги усогласија ставовите за смените во МВР, освен за СВР Скопје

Усогласени се ставовите на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителната министерка Славјанка Петровска за началниците и нивните дополнителни заменици во секторите за внатрешни работи во Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица, и во Одделението за внатрешни работи во Прилеп, но не и за началникот на СВР Скопје.
Потписи за именување на началниците и нивните дополнителни заменици, што се прави согласно Законот за Влада, а во услови кога со земјата управува техничка Влада, сто дена пред избори, Чулев и Петровска, како што потврдија за МИА доброупатени извори, ставиле за началниците и дополнителните заменици на СВР Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица, Одделот во Прилеп, но и за раководните позиции на Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ, на Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, како и за командатот на единица за специјални задачи во Оддел за специјални полициски операции во БЈБ
Илија Милески е именуван за началник на СВР Охрид, а Сашо Смилески за дополнителен заменик-началник, Александар Николов е именуван за началник на СВР Штип, а Марјан Коцев за дополнителен заменик началник. Андреј Василевски ќе ја извршува функцијата началник на СВР Битола, а Славко Јовановски дополнителен заменик началник на овој Сектор. Трајче Георгиоски ќе биде началник на Одделот за внатрешни работи Прилеп во СВР Битола, а Игор Каравилоски дополнителен заменик началник.
Ново на Сител
-

За една година поднесени 1.883 барања за ин–витро на товар на државата
-

Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија
-

Белата куќа на својот сајт објави видео-игри со политиките на Трамп: Во едната ловите мигранти, во друга градите ѕид
-

Шкрипите со забите додека спиете? Околу 10 отсто од луѓето имаат бруксизам, а повеќето не се ни свесни
-

Нова надеж за трансплантациите: Бубрег од свиња функционирал 271 ден во телото на пациент и го ослободил од дијализа
-

Конфликтот во Иран не е „војна“, сообраќајот низ Ормуската Теснина речиси нормализиран, изјави Венс
-

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
-

Вкупно 31 пожар на отворен простор е регистриран до изутринава
