Чудо невидено: Бебиња сијамски близначки ги возеле 15 часа на мотор низ џунгла до првиот доктор

По мачното патување на мотор, близначките стари само недела дена, префрлени се на лет до престолнината Киншаса, каде ги оперирал тим хирурзи - доброволци, пишува Би Би Си.
Бебиња поминале 1.400 километри низ џунгла, возејќи се по лоши патишта, а потоа и со авион.
Операцијата поминала успешно. Се очекува Аник и Дестин да се вратат во своето село за три недели. Тие се родени во август, а биле споени кај папокот. Не делеле ниту еден внатрешен орган.
Сијамски близнаци се случуваат еднаш во 200.000 породувања, а нивниот опстанок никогаш не е сигурен, посебно во оддалечените места каде нема вистинска медицинска помош.
Сепак овие близначки на општо изненадување на лекарите се родени во ова сели по природен пат, во 37 недела од бременоста. Сфаќајќи дека им треба операција, родителите ги замотале бебињата во ќебе и тргнале на неизвесно патување во џунглата, до најблисакта болница во Ванга.
Без неопходна опрема за ваква комплексна операција лекарот во Ванга ги упатил во Киншаса, оддалечена на 500 км.
Семејството таму стигнало со хуманитарен авион, не сакајќи да ризикуваат уште едно долго патување по опасните патишта.
Девојчињата се добро, спијат и јадат. Ќе останат во болницата уште три недели на натомошна опесервација. Ова е прва операција на раздвојување на сијамски близнаци во Конго.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
-

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата
-

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
