Чолаку: Треба да се нормализираат односите со Србија
Официјална Приштина смета дека е време за целосно нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, изјави Беким Чолаку, шеф на кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи.
- Ние во Косово остануваме определени и подготвени за постигнување на оваа цел и за отворање ново поглавје на соработка. Очекуваме идентична подготвеност и определба и од раководството на Србија, посочува Чолаку.
Тој смета дека официјалните претставнци на Србија треба да се воздржат од опасни политички изјави за поделба на Косово.
- Овие идеји, независно од каде доаѓаат, тие едноставно се застарени и не придонесуваат за стабилноста во регионот, знаејќи какви последици ќе имаат тие, како резултат на така наречениот „домино ефект“, за целиот регион, смета Чолаку.
Пренесувајќи ја изјавата на Чолаку, порталот Албеу, потсетува дека шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и претходно ја промовирал идејата за поделба на Косово.
„Неодамна и претседателот на Србија Александар Вучиќ побара внатрешна дебата во Србија во врска со прашањето за Косово, кое Србија се уште го смета за нерешено и покрај фактот што Косово е признато од 114 држави, констатира порталот.
Ново на Сител
-
Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа
-
Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата