„Чоколенд“ во Веро - слаткиот пат до награди
Чоколадната празнична бајка во Веро и оваа година ги изненадува и наградува потрошувачите преку традиционалната манифестација „Чоколенд“. Од 16 до 27 декември, Веро организира специјални промоции и супер промотивни цени на голем број слатки производи со чие купување потрошувачите стануваат потенцијален добитник на слатки награди.
Со секоја сметка над 200 денари од означените слатки производи, потрошувачите добиваат купон кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во означените кутии во секој Веро маркет. Секој купон учествува во наградната игра во која ќе се доделат вкупно 300 ваучери од по 500, 1.000 и 1.500 денари.

Почнувајќи од 17 декември сѐ до завршувањето на наградната игра, секој ден се извлекуваат вкупно 30 добитници на слатките награди. Односно, секој ден Веро доделува по 10 ваучери од по 500, 1.000 и 1.500 денари. Ваучерите може да се искористат за пазарување производи од слатките рафтови во Веро маркетите најдоцна до 31 јануари 2023 година. Добитниците на слатките ваучери се објавуваат на профилите на социјалните мрежи на Vero marketi истиот ден по завршување на извлекувањето.
„Чоколенд“ е традиционална предновогодишна манифестација која Веро ја организира со години наназад како вовед во празничната магија на слатките задоволства. Организирајќи го „Чоколенд“, Веро ги промовира најпознатите брендови на чоколади и слатки од домашни и странски производители, а воедно на своите потрошувачи им овозможува да уживаат во најголем избор на слатки вкусови по промотивни цени.
Ново на Сител
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
-

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
-

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази
-

Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава
-

Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене
