Членовите на КЗБ: Најверојатно ќе дојде време за враќање на рестриктивните мерки
Според неофицијални информации од Комисијата на заразни болести има повеќе од 50 новозаболени од коронавирус. Најголем број од заразените во Скопје се од општините Сарај, Чаир и Бутел.
Според информации на Сител регистрирани се 52 нови случаи, меѓутоа тоа е неофицијална бројка официјалната бројка ќе ја соопшти Институтот за јавно здравје.
Токму поради оваа зголемена бројка членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок разговарале дека најверојатно повторно ќе треба да се вратат оние најригорозни рестриктивни мерки, меѓутоа тоа нема да биде веднаш туку ќе остават неколку дена да ја следат состојбата на терен.
Доколку продолжи овој тренд и во наредниот период за десетина дена повторно ќе биде вратен во сила полицискиот час и карантинот.
Некои од експертите кои се занимаваат со оваа проблематика вчера дадоа предлог до надлежните да биде направено регионално дистанцирање на општините каде има најголем број на заразени, односно да бидат ставени под карантин.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс