Македонија
5. April 2019 - 13:30

Чисти езера и нови катчиња во ЗОО Скопје

По повеќе од 13 години исчистено е големото езеро во Зоолошката градина – Скопје, а исчистени се и малите езерца.

Како што информира Зоолошката градина, уредени се нови зелени катчиња и засадени се повеќе од 200 нови садници – врби, бадеми, лешници, малини и повеќе видови цвеќиња.

Од недела посетителите може да уживаат и во новото катче покрај езерото, каде се наоѓа и Бродот на радоста. Токму тогаш во Зоолошката имаше 18.000 посетители, со што е надмината претходната бројка од 12.000 посетители на почетокот на март.

– ЗОО Скопје ќе продолжи со зазеленување и разубавување на просторот за посетителите и животните. Наша цел е да направиме буквално шума во градот и се стремиме да станеме Еко ЗОО парк, изјави портпаролот на Зоолошка градина – Скопје Тина Мицковска.