-->
-->
Чиле: Демонстранти упаднаа во предизборниот штаб на Пинера
-->
Демонстранти денеска упаднаа во предизборниот штаб на чилеанскиот кандидат за претседател Себастиан Пинера.
Локалната полиција интервенирала и привела 21 лица. Демонстрантите се обиделе да се спротивстават, поради што се нанесени материјални штети врз зградата на штабот.
Демонстрантите се членови на организацијата „Бесна младина“.
Претставничката на организацијата Викторија Карданес изјави дека лицата упаднале во зградата бидејќи сметаат дека Пинера не е способен да ги заштитува интересите на обичните Чилеанци, како и дека ќе води политика што е погодна само за бизнис, доколку биде избран за претседател на Чиле.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ