Четврти Светски хуманитарен пикник во Градски парк
Хуманитарен Светски пикник ќе се одржува денеска од пладне во Градскиот парк каде што со своја оригинална и традиционална храна ќе се претстават Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Шпанија, Холандија, САД, Словенија, Турција и Швајцарија.
Организатори на четвртиот Светски пикник се Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори. На неформалниот настан, со многу музика и забавни содржини, посетителите имаат можност да вкусат карактеристични рецепти од различни земји од каде што има инвеститори во земјава. Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
– Хуманитарната димензија на овој настан ја покажува цврстата определба на странските инвеститори да бидат пример за општествено одговорно и грижливо работење. По успешната организација на Светскиот пикник во претходните три години, продолжуваме да ја одржуваме оваа благородна идеја, со цел промовирање на позитивните ефекти на странските инвеститори врз националната економија, по пат на неформално дружење, преку претставување на културата на земјите од каде што потекнуваат, нивната традиционална храна, како и другите културни обележја, соопшти Стопанската комора на Македонија.
Ново на Сител
-
Кина: Американските царини се економска „злоупотреба“
-
Телото на Карадакоски донесено во Македонија, утре ќе биде погребан во Кочани
-
Трошоците на живот во март на годишно ниво повисоки за 2.7, а цените на мало за 2.2 отсто
-
Кога главоболката е симптом на тумор?
-
Таткото на Вања за обвинетите: Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, претежно мижам
-
Кривична за началничка - Си овозможила бонус плата за 2023 година иако не го исполнила условот
-
Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски
-
Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари по литар