Четврта школа за црковно пеење од византиската традиција
Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во беровското село Смојмирово, од денеска до 28 август по четврти пат ќе се реализира Школата за црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпаски“.
Во чест на преродбенското дело на овој црковно – музички деец и неговите следбеници, обновената Школа за црковно пеење од византиската традиција во Смојмирово, која го носи името на нејзиниот втемелувач – Андон Шахпаски, со своите активности претставува значаен сегмент во реафирмацијата на црковното пеење од византиската традиција во Македонија.
Школата ќе почне со настап на камерниот хор „Херувими“, кој ќе изведе црковно – музички творби од византиската традиција од македонски автори и обраќање на проф. д-р Јане Коџабашија и д-р Мирјана Павловска Шулајковска за дејноста на црковно – музичките дејци Андон и Аралампие Шахпаски.
Ново на Сител
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар