Четворица убиени во бомбашки напад во шиитска џамија во Кабул
Четири лица се убиени во нападот на бомбаш-самоубиец во џамијата Ал Захра, во Кабул, во кварт во авганистанскиот главен град, населен со малцинските шиити- муслимани.
Џихадистите од Исламска држава (ИД) преку својата агенција Амак, тврдат дека припадник на оваа милитантна сунитска исламистичка група, го извел бомбашкиот напад.
Меѓу жртвите на овој терористчки напад се еден полицаец и угледен локален муслимански верник кој го финансирал одржувањето на работата на џамијата.
Според првите сознанија на авганистанските безбедносни власти, бомбашот-самоубиец се обидел да влезе во џамијата , но бил запрен, па се префрлил во кујната, каде ја активирал експлозивната направа на неговото тело.
Веднаш по бомбашкиот напад, низ Кабул се слушнала истрели од огнено оружје, при што, според наодите на полицијата, се повредени четворица полицајци и четворица цивили.
Овој напад се случи во текот на светиот месец Рамадан, во време кога завршувал дневниот пост.
Во текот на празникот, муслиманите шиити, госпроведуваат ритуалот на мачеништво на имамот Али, братучед и зет на пророкот Мухамед.
Медиумите во Кабул пишуваат дека на молитвата во џамијата требало да присуствуваат низа угледни личности од редовите на шиитските муслимани во авганистанскиот главен град.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка