Четворица работници повредени во ескплозија во погонот за артилерија во фабриката Слобода во Чачак
Четири лица се повредени во експлозијата што се случи утринава во фабриката на наменската индустрија „Слобода“ во Чачак, во артилерискиот погон, јави дописникот на МИА од Белград.
Едно лице е тешко повредено и е згрижено во болницата во Чачак, а три други лица се здобиле со полесни повреди. Од болницата во Чачак соопштија дека на итна помош е примен 36-годишен маж со изгореници на лицето и вратот и повреда на десната рака и дека е сместен на одделението за интензивна нега.
Според неофицијални информации, експлозијата се случила во артилерискиот оддел на воената фабрика во Чачак, каде што на производствена лента експлодирал проектил.
Во фабриката „Слобода“ пред три години имаше експлозија, но тогаш немаше повредени работници.
Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ изјави дека најважно е повредените во експлозијата од утринава во фабриката „Слобода Чачак“ да закрепнат и што поскоро да се вратат кај семејствата и на работа.
– Најважно е луѓето да се добро. Тоа е бизнис со висок ризик. Се надевам дека луѓето ќе бидат добро. Инаку, ‘Слобода Чачак’ е многу добро организирана и една од најдобрите фабрики со добар асортиман. Тоа им се случува и на најискусните работници, за жал, рече премиерот Вучевиќ.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ