Свет
25. August 2017 - 14:53

Четворица повредени во Универзитетот во Канбера при напад со безбол палка

Четири лица се повредени од еден студент кој со безбол палка ги нападнал присутните во една од училниците на Австралискиот државен универзитет во Канбера.

Напаѓачот има 18 години, но неговиот идентитет не се открива, освен што е соопштено дека полицијата, како и имигрантските власти, за него немаат никакви податоци.

Сведоци изјавиле дека тој мирно седел во училнцата со другте студенти, додека професорката не го започнала своето предавање.

Тогаш станал од своето место и почнал да ја удира, а потоа ги нападнал и судентите кои притрчале да ја одбранат, пред да биде совладан.

Интервенирала австралиската полиција која го уапсила .

Во овј инцидент три жени и еден маж се повредени и пренесени во болница, но лакарите изјавиле дека никој од нив не се наоѓа во животна опасност.

Во соопштението на полицијата се вели дека засега не се знае мотивот за нападот, па затоа не се исклучува ниту една можност.

Претставник на Универзитетот, меѓутоа, за локалните медиуми изјавил дека „нема друг мотив освен одмаздата“ кон професорката.

Младиот напаѓач, претходно, ја украл палката од група студенти кои играле безбол на терените околу унивезитетската зграда, а потоа се вовлекол во училницата.