Четворица пациенти од Штип и Кочани се лекуваат на штипското Инфективно одделение
Четворица пациенти позитивни на Ковид-19 се лекуваат на штипското Инфективно одделение, по двајца од Штип и Кочани, а од завчера на Клиниката за инфективни облести во Скопје е хоспитализиран еден пациент од Штип.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека имаат најава дека на Инфективното одделение треба да пристигне и четиричлено семејство од Кочани, за што дополнително ќе информира. Семејството не е поврзано со кластерот на 40-годишниот фризер од Кочани, кој во понеделникот почина на кочанската Клиника за инфективни болести.
Почнато е и тестирањето на 14 медицински лица од штипското Инфективно одделение, кои од минатата недела се ставени во домашен карантин, пристигнати се резултати за две лица, но надлежните велат дека информациите ги објавува Министерот за здравство на прес-конференција.
Во домашен акарнтин се двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари, кои имаа контакт со 80-годишната жена од Штип, која во вторникот почина на Клиниката за инфективни болсети. МИА и претходно информираше дека 80 годишната жена беше примена на ова одделение со два негативни тестови и дијагноза бронхопневмонија, а по влошувањето на состојбата третиот тест се покажа позитивен.
Ново на Сител
-
Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки
-
Шекеринска за Хина: НАТО нема да отстапи од поддршката за Украина
-
Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик
-
УХМР: Попладне утре наместа нестабилно, многу топло во среда и четврток, посвежо и ветровито в петок
-
1711 сообраќајни прекршоци изминатиов викенд, најмногу за брзо возење
-
Малолетник од Куманово затекнат при обид да запали кабли
-
Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња
-
Мицкоски: Не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, а не на партиски книшки