Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои извршиле вкупно четири, а се обиделе да извршат уште една тешка кражба од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје, на булеварот „Србија“.
- Од почетокот на месецов, во четири наврати, со физичка сила и алат го кршеле катанецот со кој била затворена капијата на објектот, а потоа влегувале внатре и одземале машини и други предмети во вкупна вредност од 1.239.000 денари. Потоа, уште еднаш на 14 април, двајца од нив дошле пред објектот, ја обиле металната капија и се обиделе да одземат парчиња лим, но биле забележани и задржани на самото место од вработените, информира државното обвинителство.
ЈОРСМ во соопштението посочува дека за сите нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
