Четворица мртви и десет ранети на семеен собир во Калифорнија

Четири лица се убиени, а 10 се ранети во пукотница за време на семеен собир во свечена сала во Стоктон, Калифорнија, објавија ноќеска официјални лица од канцеларијата на шерифот, пренесуваат американските медиуми.
Меѓу жртвите има деца и возрасни, потврди Хедер Брент, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин.
Првичните информации „сугерираат дека ова можеби бил намерен инцидент“, рече Брент за време на прес-конференцијата на местото на настанот.
Локалните официјални лица објавија дека осомничениот напаѓач сè уште не е уапсен и апелираа до јавноста за помош. Детективите сè уште работат на утврдување на можниот мотив за инцидентот.
„Доколку имате какви било информации за ова лице, ве молиме веднаш да се јавите. Ако сте тоа лице, ве молиме веднаш да се предадете“, рече окружниот обвинител на округот Сан Хоакин, Рон Фреитас, на прес-конференција.
Пукањето се случило непосредно пред 18 часот во свечената сала што го дели паркингот со други деловни објекти.
Стоктон е град со 320.000 жители, сместен околу 40 милји јужно од Сакраменто.
„Семејствата треба да бидат заедно, наместо да бидат во болница, да стојат покрај своите најблиски и да се молат да преживеат“, рече градоначалничката Кристина Фугаци.
Засега, властите не објавија никакви дополнителни информации за состојбата на повредените. Претходно беше потврдено дека неколку лица се префрлени во болници.
МИА
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
