Четворица фудбалери на ФК Гостивар приведенни за напад на полицајци по мечот со Струга

Струшката полиција приведе тројца фудбалери од фудбалскиот клуб Гостивар и едно лице од стручниот штаб на клубот поради напад на полициски службеници по завршувањето на натпреварот со Струга.
- Вчера во 18 часот во ОВР Струга лишени од слобода се Е.Д.( 28) од Тетово, Ш.Т.(25) од Турција, со привремен престој во Скопје, А.Д.(25) од Сенегал, со привремен престој во Гостивар и германскиот државјанин А.А.(31). Тие се сомничат дека за време на спортски натпревар одржан на 19 април во Струга, сториле кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот, нагласи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
