-->
-->
Четиринаесетмина загинаа при несреќа на училишен автобус во Турција
-->
Четиринаесет лица загинаа, а над 20 се повредени при несреќа на училишен автобус во Османие, Јужна Турција, јави турската приватна телевизија НТВ.
Турските медиуми соопштуваат дека шест од загинатите се ученици.
Автобусот, кој превезувал ученици, наставници и родители на децата на екскурзија, по пат на враќање паднал во канал за наводнување.
При спасувачките операции пронајдени се 14 тела.
Се смета дека возачот на автобусот е исто така меѓу жртвите на сообраќајната несреќа.
Дваесет и шест лица се повредени во несреќата, од кои четворица се во критична состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени