Четиринаесет сообраќајки вчера во Скопје, повредени 11 лица

Единаесет лица се полесно повредени во 10 од 14 регистрирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета само материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција санкционирала девет возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возеле без сигурносен појас или зборувале на мобилен телефон, пет управувале нерегистрирано возило, а седум биле без возачка дозвола.
Затекнати се и 25 непрописно паркирани возила и 10 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 34 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР - Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Распеана младост“ во општина Карпош.
Од денеска започнува во употреба мобилниот систем за снимање со камери кои се поставени на полициските службеници кои вршат контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
-

Преглед на вестите од светот
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
