-->
-->
Четиригодишно дете осудено на доживотен затвор
-->
Египетскиот воен суд по грешка осуди на доживотен затвор едно четиригодишно дете под обвинение за убиство.
Како што јави Би-Би-Си, момчето Ахмед Масур Курани Али е осудено заедно со група од 115 лица во врска со немирите на приврзаниците на организацијата Муслиманско братство во провинцијата Фајум во 2014 година.
Неговиот адвокат поднесе документи кои докажуваат дека Али тогаш имал само една година.
Портпаролот на египетската војска, полковник Мохамед Самир на Фејсбук објави дека наместо на момчето, Судот требало да му суди еден 16-годишник со слично име - Ахмед Мансур Курани Шарар.
Би-Би-Си наведува дека се уште не е јасно што ќе се случи со момчето кое по грешка е осудено за убиство, обид за убиство и уништување на државен имот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања