Четириесет и еден возач санкционирани за брзо возење во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се санкционирани 41 возач за брзо возење, а тројца биле под дејство на алкохол, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.
Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои во седум со лесни телесни повреди се здобиле 10 лица, а во една сообраќајка е причинета материјална штета.
Од сообраќај се исклучени и 20 возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и тројца возачи почетници. Исклучени од сообраќај се и 14 нерегистрирани возила.
Сообраќајната полиција издала 80 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 75 возила.
На црвено светло поминале шест возачи, четворица не дале првенство на минување на пешаци, тројца не носеле зимска опрема во возилата, а тројца користеле мобилен телефон.
Во текот на вчерашниот ден, Одделението за превенција реализираше посебна воспитна сообраќајна мерка на која присуствувалепешаци кои направиле прекршоци по разни основи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
-

ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
