Четиридневна воена вежба на Русија и Филипините
Бродови на руската Воена морнарица денеска пристигнаа на Филипините поради заедничка воена вежба во рамките на новите надворешно-политички амбиции на филипинскиот претседател Родриго Дурерте да се приближи до традиционалните ривали на Вашингтон.
Крстосувач вооружен со наведувни ракети „Варјаг“ и танкерот „Печенге“ се во четиридневна посета на Филипини.
Таквиот чекор е дел од тоа што Дутерте го нарекува „независна надворешна политика“ диктирана од Уставот. Тој отворено ја покажува својата лутина кон САД, а како приоритет го потенцира пријателството кон Кина и Русија.
Капетан Лиед Линцун, директор за јавни односи на филипинаската Морнарица истакна дека се надева оти Филипинците ќе научат нешто од Русите за време на тренажните активности и демнострацијата на напредната технологија и вооружени системи.
Москва сака да и помогне на Манила во борбата против екстремизмот и пиратите, зајакнувајќи ја соработката и обуката на подрачјето каде Филипини традиционално соработуваа со САД.
Ново на Сител
-
Комисиска расправа во Собрание
-
Тема на денот со Константин Димитров, професор и експерт по енергетика
-
Реорганизација на министерствата ќе се носи по скратена постапка
-
Гаши се пишмани: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Критично со хируршките сали
-
Трошоците за живот и натаму растат
-
Загрижувачки пад на наталитетот
-
Странските универзитети поинтересни за идните студенти