Четиридневен штрајк на таксистите во Грција
Таксистите во Грција од утрово започнаа два 48-часовни штрајкови, поради новиот предлог-закон за даноци и начин на оданочување, додека пак Атина, без такси ќе биде утре и задутре, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Федерацијата на такси возила во цела Грција соопштија дека штрајкот е од денеска во пет часот наутро и ќе трае до петок во исто време, а паралелно ги повикаа синдикатите на таксистите од земјата масовно да учествуваат.
- Да нема ниту едно такси на улиците, Владата мора да разбере дека нашата сектор се уништува, пишува во соопштението.
Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат, од своја страна донесоа едногласна одлука да одржат 48-часовен штрајк утре и задутре за, како што велат, да го изразат нивното незадоволство за новиот закон.
Ова е втор штрајк на таксистите во Грција за помалку од две седмици, со оглед на тоа дека 24-часовен штрајк, од истите причини, одржаа на 22 ноември.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено