Четири сообраќајки во Скопје, две лица со телесни повреди

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно четири сообраќајни несреќи, во кои две лица се здобиле со полесни телесни повреди, а четири со полесни повреди.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се повеќе возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки, а 10 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани. Затекнати се 38 непрописно паркирани возила.
Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот “ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ„ Гоце Делчев“ со учениците од второ одделение кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.
Во делот на превентивните активности ќе се одржи едукативна работилница во автобус на ЈСП со учениците од III одделение од О.У„ Круме Кепески општина Кисела Вода.
Со почеток во 17:45 мин во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и РК Мералург. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
