Четири сообраќајки вчера во Скопје, тешко повреден пешак
Пешак е тешко повреден, а уште едно лице е полесно повредено во две од четири сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје.Во две сообраќајки е причинета материјална штета.
Според евиденцијата на СВР Скопје, вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 23 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на црвено светло на семафор, 12 го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, а четворица возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци.
Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, а затекнати се и 39 непрописно паркирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 63 возила.
Ново на Сител
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени