Четири седници на македонското Собрание
Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи четири седници. На дневен ред на закажаната 37-ма седница е Дополнетиот предлог на закон за општата управна постапка, во второ читање, на 11-тата е Дополнетиот предлог на закон за прекршоците, а на дневен ред на 34-тата е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, двата во второ читање.
По исцрпувањето на дневниот ред на овие три седници, Собранието треба да ја почне и 59-тата седница.
Во рамки на оваа седница пратениците, меѓудругите, треба да расправаат по предлог законите за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска поддршка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција, и на Спогодбата меѓу Република МакедониЈа и Европската унија за учество на Република Македонија во Програмата на Европската унија „Вработување и социјални иновации".
На дневен ред на оваа седница се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка и ЈП за државни патишта, и Предлог законот за дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, сите по скратена постапка.
Македонските парламентарци во прво читање треба да ги разгледаат и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог законот за национална база на податоци за лица со инвалидност, Предлог законот за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, поднесен од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити, Антонио Милошоски...
Ново на Сител
-
Мицкоски: Преполовени царините на САД за Македонија, преговараме за уште пониски
-
Приведено лице од прилепско, возел со 1,79 промили алкохол во крвта
-
Нови директни летови од скопскиот аеродром Скопјe до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и Ларнака
-
Приведен арачиновец, превезувал огревно дрво без дозвола
-
Уапсени лицата кои пукаа на свадба во Куманово
-
Лукашенко оди во посета на Москва
-
Приведено 33-годишно лице за превезување стока без документација
-
Обвинение за возачот кој возејќи со слепило со 99% намалена видна функција усмрти пешак минатата година