Четири причини поради кои мажите ги напуштаат жените што ги сакаат
Дури и кога мажите се вљубени „до уши“, постојат некои работи кои едноставно не ги поднесуваат.
1. Сакате да го промените
Едно мора да се разбере: се едуцираат момчињата, а не возрасните мажи.
Тој може заради вас да промени некои работи, но ако се обидувате да го промените целосно, тоа никогаш не завршува добро.
Како прво, со право ќе се праша во што тогаш сте се ваљиле, а како второ, ќе почне да се чувствува дека не е доволно добар за вас.
Со текот на времето тоа ќе почне да му пречи и ќе биде во потрага по друга жена која ќе го прифати таков како што е.
2. Секогаш нешто се жалите
Се разбира дека имате право да приговарате, ако не е направено нешто што ветил дека ќе биде. Или кога ќе ве навреди и направи нешто што сметате дека е навреда за вас.
Но, непрекинатите преговори мажите ги сфаќаат како форма на омаловажување и со текот на времето ќе станат агресивни, што не е добро за здрава врска.
3. Мора да ве моли за секс
Можеби тоа ќе го направи неколку пати, а потоа едноставно ќе отстапи и среќата ќе ја побара кај друга.
Сексот е важен дел од неговиот живот, а ако неговата партнерка не сака да учествува во тоа, тоа сигурно ќе го одбие.
4. Секогаш го споредувате со други/поранешни
Дали ќе ви признаат тие или не, никој не сака кога го споредуваат со други. Особено тоа не го сакаат мажите кога партнерката непрекинато го споредува со поранешните партнери.
Иако тој е свесен дека имате љубовно минато, тоа е последната работа за која сака да мисли и слуша.
Тој сака да знаете дека тој сега ви е најважен и дека сите работи ги прави најдобро, подобро од другиот.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија