-->
-->
Четири пожари во еден ден во Кавадарци, пожарникарите на терен
-->
Четири пожари избувнаа денеска во Кавадарци, на терен се и пожарникарите кои би требало да се слободни, бидејќи работната смена во која припаѓаат, по правило не треба да е на работа. Оваа информација за МИА ја потврдија од Територијалната противпожарна единица. Оттаму нагласија дека ветерот денеска работел против нив.– Имаме еден огромен пожар во атарот на селото Фариш, горат нискостеблеста шума и сува трева. Таму интервенираат 18 пожарникари со три наши возила, четворица комунални работници со две возила. Пожарот во атарот на Дебриште започна во три часот изутрина и беше локализиран, па се повтори седум часа подоцна. Таму се двајца пожарникари со едно возило, а имаме и помош од компанијата „Кожувчанка“, информираа од Противпожарната.
Оттаму соопштија дека разгорен е и пожарот во кој говорат сува трева и трње над мотел „Дреново“ на патот Градско-Прилеп, каде во гаснењето учествуваат двајца пожарникари со едно возило.
Четвртиот пожар бил попладнево во индустриската зона, каде пламените јазици се доближиле до неколку објекти, но благодарение на брзата интервенција, огнот бил навреме локализиран. Таму гаснеле двајца пожарникари со едно возило, а помош пристигнала и од компанијата „Еуро никел“.
Од Противпожарната нагласуваат дека се максимално ангажирани со цел најбрзо справување со пожарите и спречување на штети од нив. с
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
