Четири медицински сестри позитивни на коронавирусот во Куманово
Последниве 24 часа во Куманово има четири медицински сестри позитивни на коронавирус, а во изминативе денови биле регистрирани уште два случаја, потврдија денеска надлежните од кумановската болница и од Центарот за јавно здравје.
Вкупно шест медицински сестри од кумановската болница се позитивни на коронавирус, потврди денеска директорката на болницата Снежана Захариева. Таа потенцираше дека e извршена реорганизација, и е изолиран медицинскиот персонал кои биле во контакт со колегите. Во понеделникот биле извршени тестови на 71 здравствен работник во кумановската болница. Во болницата од почетокот на ширењето на коронавирусот беа заболени 18 здравствени работници.
Директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи потврди дека последниве 24 часа има четири здравствени работници, чии тестови биле позитивни на коронавирусот, вчера и завчера биле евидентирани по еден здравствен работник кои се позитивни на коронавирус.
Министерството за здравство информираше дека во Куманово има 13 нови случаи.
Ново на Сител
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот