Четири лица загинаа во невреме во Турција

Четири лица загинаа во снежна бура, која вчера ја погоди Турција, соопштија турските власти.
Во јужната провинција Мерсин бурата беше проследена со ветер со брзина до сто километри на час, при што беа урнати електрични столбови и дрва, соопшти локалниот метеоролошки директорат.
Во дистриктот Акдениз смртно настрада 28-годишна жена, кога поради ветер стебло се урна на неа, јави Анадолија.
Во северната провинција Трабзон загина 71-годишен маж, врз чија куќа се урна карпа, по што се евакуирани 14 домаќинства.
Невремето го зафати и североисточниот дел на Турција, а во провинциата Артвин загина едно лице, врз кое се урнало стебло додека работел на фарма.
Жртва на невремето во Турција беше и 55-годишна мајка на четири деца од провинцијата Ардахан, во источниот дел на земјата.
Силен ветер беше забележан и во провинциите Риза, Невсехир, Сивас, Јозгат, Сирт, Ерзурум и Ерзицан.
Според најавите на метеоролозите времето треба да се стабилизира денеска попладне.
Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
