Четири лица загинаа во невреме во Турција

Четири лица загинаа во снежна бура, која вчера ја погоди Турција, соопштија турските власти.
Во јужната провинција Мерсин бурата беше проследена со ветер со брзина до сто километри на час, при што беа урнати електрични столбови и дрва, соопшти локалниот метеоролошки директорат.
Во дистриктот Акдениз смртно настрада 28-годишна жена, кога поради ветер стебло се урна на неа, јави Анадолија.
Во северната провинција Трабзон загина 71-годишен маж, врз чија куќа се урна карпа, по што се евакуирани 14 домаќинства.
Невремето го зафати и североисточниот дел на Турција, а во провинциата Артвин загина едно лице, врз кое се урнало стебло додека работел на фарма.
Жртва на невремето во Турција беше и 55-годишна мајка на четири деца од провинцијата Ардахан, во источниот дел на земјата.
Силен ветер беше забележан и во провинциите Риза, Невсехир, Сивас, Јозгат, Сирт, Ерзурум и Ерзицан.
Според најавите на метеоролозите времето треба да се стабилизира денеска попладне.
Ново на Сител
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
