Четири лица загинаа во експлозија на гасовод во Романија
Четворица градежни работници загинаа синоќа во експлозија на гасовод во близина на романскиот град Калиманести (округот Вранча), а петмина повредени се хоспитализирани.
Во 01:30 часот, пожарникари биле повикани на автопат во изградба во Калиманести поради експлозија на гасовод, проследена со пожар. Како резултат на инцидентот пет лица се повредени.
За жал, на самото место се пронајдени четири јагленосани трупови, изјави портпаролот на Инспекторатот за вонредни состојби во Вранча, Флорин Олару, пренесува Аџерпрес.
Тој прецизира дека пожарот бил изгаснат за околу три часа и се прават напори за разладување на машините зафатени од пожарот.
Двајца од повредените во експлозијата се здобиле со изгореници од 65, односно 40 отсто, а со хеликоптер биле пренесени во болница во Букурешт, соопшти медицинската служба во округот Вранча.
Според прелиминарната верзија, експлозијата се случила откако багер ненамерно удрил во крак од гасоводот за време на ноќната работа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
