Четири лица загинаа во експлозија на гасовод во Романија
Четворица градежни работници загинаа синоќа во експлозија на гасовод во близина на романскиот град Калиманести (округот Вранча), а петмина повредени се хоспитализирани.
Во 01:30 часот, пожарникари биле повикани на автопат во изградба во Калиманести поради експлозија на гасовод, проследена со пожар. Како резултат на инцидентот пет лица се повредени.
За жал, на самото место се пронајдени четири јагленосани трупови, изјави портпаролот на Инспекторатот за вонредни состојби во Вранча, Флорин Олару, пренесува Аџерпрес.
Тој прецизира дека пожарот бил изгаснат за околу три часа и се прават напори за разладување на машините зафатени од пожарот.
Двајца од повредените во експлозијата се здобиле со изгореници од 65, односно 40 отсто, а со хеликоптер биле пренесени во болница во Букурешт, соопшти медицинската служба во округот Вранча.
Според прелиминарната верзија, експлозијата се случила откако багер ненамерно удрил во крак од гасоводот за време на ноќната работа.
Ново на Сител
-

Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија
-

Бадникарите во посета на домот за стари лица Мајка Тереза
-

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Стивен Милер, заменик шеф на кабинет во Белата куќа тврди: Никој не би се борел против САД за Гренланд
-

Најмногу дожд во Пожаране, утринските температури секаде над нула
-

Трамп: Не се очекуваат избори во Венецуела во следните 30 дена
-

Пред Соборниот храм во Скопје традиционална прослава на Бадник
-

Сообраќајот непречено, по влажни коловози
