Бадникарите во посета на домот за стари лица Мајка Тереза

И годинава, како и многу пати до сега, членови на Бадникарскиот одбор заедно со новиот кум Зоран Кондратенко и новиот здравичар Јаков Дренковски, во пресрет на централната манифестација Бадник 2026, утрово ги посетија штитениците на Домот за стари лица Мајка Тереза, за да им ги честитаат големите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од Бадникарскиот одбор им подарија овоштие, негазирани сокови, погача и бадникови гранчиња, а кумот им подари клима инвертер. На овој начин Бадникарскиот одбор ја продолжува традицијата оваа манифестација да има и хуманитарен карактер.
А за да биде овој настан во духот на празниците, се погрижи и свештено лице кое ги освети погачата и бадниковите гранчиња.
Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 34-ти пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи манифестацијата Бадник 2026.
Според најавите од организаторите, како и минатата година делењето бадникови гранчиња ќе се одвива во дворот на Храмот од страната на булеварите „Партизански одреди“ и „Св. Климент Охридски“.
МИА
Ново на Сител
-

УЈП: До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници
-

Почина Рејчел Нахмијас (108), најстарата битолска Еврејка која го преживеа Холокаустот
-

Усвоен Годишниот план за Праведна транзиција 2026: Фокус на работниците и отворање нови можности за вработување
-

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководство
-

Се намалуваат водостоите на реките
-

Чупиќ: Треба добро да се подготвиме за тоа што не очекува
-

Кансело потпишува договор со Барселона
-

ФИФА продолжува со казните - олеснета касата на ФС Црна Гора
