Свет
29. April 2021 - 8:27

Четири лица убиени во болница во германскиот град Подсдам

Четири лица беа пронајдени мртви во болница во градот Подсдам недалеку од Берлин, а беше уапсена и жена осомничена за нивното убиство, соопшти денеска германската полиција.

Портпарол на полицијата во Бранденбург изјави дека покрај четири мртви лица, полицијата на клиниката за ортопедија Оберлин открила и тешко повредено лице.

Според него, на жртвите биле забележани знаци на екстремно насилство. Локалните медиуми јавија дека уапсената жена осомничена за убиство била вработена на клиниката, додека жртвите биле пациенти.