-->
-->
Четири децении се заедно: Ова е сопругата на Жељко Самарџиќ
-->
Познатиот пејач Жељко Самарџиќ со сопругата Маја ужива во складен брак речиси четири децении. Иако долга низа години се во складен брак, пејачот призна дека во нивниот рај имало и проблеми, но и дека брзо ги решаваат.
-Компромисот е најважен. Мојата сопруга и јас ретко се караме и ретко влегуваме во конфликт. Се караме поради безизлезни работи. Да речеме, таа би сакала да облечам друга кошула, а мене ќе ми се допаѓа некоја друга. На пример, не сакам кога ми контрира, нека ме пушти да работам по свое, рече Жељко во едно интервју.
Пејачот во едно интервју дури и подели рецепт за успешен брак и исто така окри како успеа со својата поубава половина да го зачува складниот однос речиси 4 децении.
-Сигурен сум дека неколку работи помагаат, а тоа се меѓусебно почитување и разбирање. Не смеете да дозволите да се изгубите во секојдневната борба со обврските, не дозволувајте да го изгубите другиот. Знам дека во ова стресно време тоа не е воопшто лесно, но понекогаш сите знаеме да претераме и да заборавиме на некои важни работи во животот. Понекој убав збор, насмевка, бакнеж, на секоја жена ќе и значи многу, посебно во минутите кога баш не ви цветаат рози. И секако без љубов, ништо од тоа не вреди. Од неа се почнува, таа е волшебен прав што создава магија. Можеби уште некој песна и ете ви рецепт.
Ова сигурно нема да ви штети, изјави тој во една прилика. Самарџиќ многу пати досега истакна дека семејството му е најголемо богатство.
А ако некогаш сте се запрашале како изгледа избраничката на неговото срце, погледнете ги фотографиите:
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска