Четири арапски земји објавија список со лица и организации поврзани со Катар и тероризмот
Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин објавија заедничко коминике со вкупно наброени 59 физички лица и 12 организации, кои, според нив, се стационирани во Катар или финансирани од Катар, и се поврзани со тероризам, пренесе ДПА.
Четирите земји посочуваат дека овој список го изготвиле заради своите ветувања дека ќе се борат со тероризмот и дека ќе ги пресушат изворите на нивното финансирање. На списокот фигурираат духовниот лидер на организацијата „Муслиманско братство“, Јусеф ал Карадави и добротворните фондации „Катар чарити“ и „Еид чарити“.
Меѓу 18-те Катарци, кои се набележени како спонзори на тероризмот, на списокот има бизнисмени, политичари и високо позиционирани членови на владеачката династија, вклучувајќи го и поранешниот министер за внатрешни работи, забележуваат британските медиуми.
Абдел Хаким Белхаџ, поранешен либиски исламистички командант, е меѓу петмината Либијци на списокот. Карадави и салафитскиот проповедник Вагди Гонеим се меѓу 26-та Египѓани. Таму има уште неколку групи од Бахреин, тројца државјани на Кувајт, двајца на Јордан, двајца на Бахреин, еден од ОАЕ, еден од Саудиска Арабија и еден од Јемен.
Египет вчера побара ОН да го истражат огромниот откуп, што Катар и го платил на „терористичката група“, поврзана со Исламска држава, за да ги ослободи членовите на кралското семејство, кои биле заробени во Ирак, јавија француските медиуми.
Ихаб Мустафа, заменикот на постојаниот египетски претставник во светската организација, вчера го обвини Катар дека „на терористичката група, што дејствувала во Ирак, и платила до една милијарда долари за да ги ослободи членовите на кралското семејство, заробени во Ирак, каде тие биле на лов“.
-Ако ова обвинение се покаже како точно тоа ќе биде јасна поддршка за тероризмот, рече тој.
Ново на Сител
-
Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци
-
На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија
-
Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути