Честитки од Дука, Куртовски и Ибраим по повод Курбан Бајрам
– По повод големиот празник Курбан (Аџи) Бајрам, честитки до сите верници во регионот, иселениците од овој крај, како и до сите верници во светот упатија градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, како и поверениците за надлежностите на градоначалник на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа.
– Честит и за многу години празникот Курбан Бајрам на сите верници во општината и нашите сограѓани во светот, со желби за среќа, добро здравје и благосостојба во секое семејство. Посакувам Алах да ги прифати аџилакот, намазот, молитвата и курбанот, стои во честитката на Дука.
Повереникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, честитка упати од негово лично име и во име на советот и администрацијата на општината.
-Честит Курбан Бајрам на сите муслимани. Нека Алах џелешану на сите ви подари добро здравје, среќа, радост, благосостојба и трпеливост. Сите да не упати на вистинскиот пат, да правиме што повеќе добро дела, да се почитуваме и да си помагаме, посакува Куртовски.
Неговиот колега од Центар Жупа, Аријан Ибраим празникот го честита со желби истиот да го обележат во радост и среќа, со топли чувства кои ќе го исполнат семејниот дом, но и со поголема меѓусебна грижа, почит, разбирање, помагање.
Инаку, во сите педесеттината џамии во дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, беа клањати утринскиот сабах и Бајрам намаз, а главната празнична церемонија се одржа во Саат Кула џамијата во Дебар.
Ново на Сител
-
23 годишник прегазил 75 годишна жена во Куманово
-
Го оштетил буџетот на МВР за скоро 80.000 денари - поднесена пријава за злоупотреба на службена положба
-
Бајрами не е избеган, само не живее во државава, вели неговиот адвокат
-
Европската комисија предупреди на загрижувачката економска ситуација во Германија
-
Почесниот конзул на Косово на информативен разговор во полициска станица Карпош, се поврзува со бегството на Груби
-
Инфлацијата во еврозоната расте помалку отколку што беше првично проценето
-
Од петок цело Скопје без вода
-
Од 1 јануари поскапа струја во просек за 0,92 проценти