Честитка од Заев по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани

Премиерот Зоран Заев по повод 24 Јуни, Меѓународниот ден на балканските Египќани, упати Честитка до граѓаните на Република Македонија кои го празнуваат овој ден.
- Го честитам денешниот Ден на балканските Египќани, на сите граѓани во Македонија кои го празнуваат, во име на Владата на Република Македонија и во мое име. Египќаните во Македонија се дел од богатата историска и културна традиција на Република Македонија, кои и денес активно придонесуваат во демократските процеси, достигнувањата и развојот на државата, се вели во честитката од Заев.
Почитувањето на етничкиот идентитет и правата на оваа заедница, пораката на што се темели одбележувањето на овој датум, се додава, е во согласност со стратешката определба на Владата на Македонија, да ја гради Република Македонија во современо, европско општество, со еднакви шанси за сите граѓани.
- Повикувам да продолжиме уште помотивирано да ги развиваме меѓусебните односи и преку унапредувањето на човековите и демократските вредности, правдата, еднаквоста, слободата, одговорно - како чесни граѓани, заеднички да придонесеме кон квалитетен живот и сигурна евро-атланстка иднина на Република Македонија, порачува премиерот Заев во честитиката до граѓаните што го празнуваат Денот на балканските Египќани во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Вон контрола пожарот на грчкиот остров Крит во кој загинаа двајца пожарникари, а беа евакуирани села и 29 лица по морски пат
-

Дрон удри танкер за превоз на гас во египетско медитеранско пристаниште
-

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии
-

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција
-

Македонските одбојкари против Грција на отворањето на Медитеранските игри
-

Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
