Честитка од Вељаноски по повод празникот Св. Климент Охридски
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија и на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Св. Климент Охридски.
- Празникот посветен на Свети Климент Охридски е почитување и уважување на делото на духовниот водач на Македонскиот народ во историјата. Неговиот труд е безвременски, тој е придонес за христијанските вредности и македонската национална култура. Создавањето на кирилското писмо кое просветли многу народи и стана движечка сила во христијанската богослужба е дел од плодовите на неговата работа кои како денес, така и во иднина ќе останат врежани во нашето историско наследство. Кога го празнуваме овој голем просветител да се потсетиме дека успешно ја продолжи мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј во описменување и јакнење на христијанството кај луѓето, ја создаде Охридската архиепископија и Охридската книжевна школа кои се цивилизациски почеток на една светла епоха на ширење на христијанската вера, се вели во честитката.
Нека денешниот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, како што истакнува Вељаноски, биде водилка за уште поголеми достигнувања и промовирање на воспоставената традиција на заедничко почитување и помагање. - Наши ќе бидат придобивките ако работиме да создадеме просперитетна и економски развиена држава со која ќе се гордеат идните поколенија, истакнува претседателот на Собранието на РМ во честитката.
Ново на Сител
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска