Честитка од Вељаноски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Претседателот на Собрание на Република Македонија Трајко Вељаноски испрати честитка до бошњачката заедница по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.
- Дозволете ми од мое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија да ви го честитам големиот празник и да ви посакам празнично расположение, исполнето со многу здравје, успех и просперитет. Сакам да истакнам дека со одбележување на овој ден се афирмира идентитетот и културата на Бошњаците во Македонија која е постоечка заедница во нашето општество, и ги претставува добрите односи кои ги негуваат Македонците и останатите етнички заедници. Овој празник нека ни биде постојан потсетник дека е потребно континуирано да работиме на меѓусебно разбирање и зближување на граѓаните од различна етничка и верска определеност, како и на почитување на моралните и духовни вредности. Нашите заложби како граѓани на Република Македонија се да продолжиме со промоцијата на недискриминација и да создаваме дела и вредности од траен карактер. Тоа ќе бидат наши заеднички придобивки кон патот за подобра иднина и услови за подобар и поквалитетен живот во Република Македонија. Нека ви е честит празникот, се наведува во честитката од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции