Честитка од Спасовски за Водици: Со оптимизам и добра волја секој од нас да даде придонес за заедничка подобра иднина

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати писмо со честитки до г.г. Стефан, архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, до свештенството на МПЦ-ОА и до сите православни верници во Република Македонија, во кое упатува желби за „прифаќање на пораките од овој голем христијански празник кои потсетуваат дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди“.
– Оптимизмот и надежта со кои е исполнета пораката на празникот Богојавление – Водици, нека биде поттик постојано да го негуваме стремежот за добри дела како придонес на секој од нас за заедничка подобра иднина која ќе ја оствариме со добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици, се вели во писмото со честитки на премиерот Спасовски по повод празникот.
Ново на Сител
-

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка
-

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
-

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци
-

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска
-

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида
-

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
