Честитка од претседателот Пендаровски по повод Денот на наставата на турски јазик
Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.
– Клучно за развојот на една заедница е правото на квалитетно и функционално образование на мајчин јазик. Државата не смее да прави компромиси и импровизации кога станува збор за ова суштинско прашање кое е толку важно за зачувување на културата и традицијата на помалубројните етнички заедници. И покрај предизвиците во реализацијата на ова право, Македонија е горда што етничките заедници веќе подолго време можат да го користат правото на настава на свој мајчин јазик. Верувам дека секој човек од секоја заедница е подеднакво важен за оваа држава која е заеднички дом за сите нас, вели Пендаровски во честитката.
Секој човек и секоја заедница, вклучително и турската, е дел од нашиот богат мозаик, додава Пендаровски и потенцира дека Турците од Македонија со своите автентични локални традиции и со својата богата литература и уметност го збогатуваат културниот и општествениот живот на нашата заедничка држава.
- Во ова светло, 21 декември – Денот на наставата на турски јазик е еден од оние празници што не потсетуваат за нашето огромно јазично и културно богатство, но и на нашата одговорност истото соодветно да го чуваме, унапредуваме и промовираме за оваа и за идните генерации. Ние немаме друга алтернатива освен градење на едно општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаква шанса за просперитет, пишува претседателот Пендаровски во честитката.
Ново на Сител
-
Во Белград денеска „Парада на гордоста“ со слоганот „Гордоста е народот“
-
Претседателски избори во Алжир
-
Загриженост во Пакистан откако во главниот град е регистриран прв случај на детска парализа по 16 години
-
ЦУК: Активни седум пожари, три под контрола
-
Најмалку две жртви и 100 повредени откако тајфунот Јаги ја погоди јужна Кина
-
МЗШВ: Одземено возило со дрва, управувано од лице вработено во Шумска полиција
-
Гроси: МААЕ планира да ја зголеми соработката со Русија
-
Бела куќа: Трансфер на балистички ракети од Иран во Русија би значел ескалација во Украина