Честитка од претседателот Иванов по повод Рамазан-бајрам

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, по повод големиот муслимански празник – Рамазан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот на ИВЗ и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија.
- По едномесечниот пост, молитва и воздржаност, муслиманите во земјава, како и во целиот свет, го слават Рамазан-бајрам. Овој празник претставува мудрост, разбирање и солидарност, вредности кои заеднички ги градиме години наназад и кои се темел на нашето општество. Рамазан-бајрам е празник кога на сиромашните им се возвраќа со љубов, милост и правдина. Ден кога муслиманските семејства се соединуваат со молитви и со меѓусебни посети во благодат и внимание, простувајќи ги грешките едни на други, стои во честитката на Иванов.
Ваквите големи празници, додава претседателот, не потсетуваат дека без разлика на верската или религиската различност, почитувајќи се меѓусебно, го чекориме вистинскиот пат и градиме подобра иднина,
- Со овие мисли дозволете, уште еднаш, Вам и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви го честитам празникот Рамазан-бајрам и да Ви посакам пријатни денови исполнети со мир и благосостојба, се наведува во честитката на претседателот Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
