Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Пресвета Богородица
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
- Ваше Блаженство, дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. На овој голем христијански празник го прославуваме небесното вознесение на Мајката Божја. Празнувајќи ги животот, љубовта и посветеноста на Мајката кон своето чедо, ги славиме христијанските начела и вредности за праведност, прошка, хуманост и добрина. Нејзиниот живот, нејзината големина и посветеност кон верата нека се наша водилка кон почитување на мајката која дарува живот, љубов и трпеливост. Таа нé учи да ги почитуваме своите блиски, да споделиме љубов и грижа за блиските и да дадеме помош на оние на кои најмногу им е потребна, се наведува во честитката.
Во Република Македонија, се додава, Мајката Божја е почитувана и прославувана како заштитничка на сите жени и мајки, закрилник на сите христијани. - Нејзиното успение е симбол за големината на неизмерливата вера и верба за човечност, мир и разбирање, се истакнува во честитката од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Израел започна воздушни напади врз централна Газа
-
Излезноста до 15 часот на ниво на држава е 31,32%
-
Кац им наредил на ИДФ „силно да дејствуваат против терористичките цели на Хамас во Газа“
-
До 13 часот во Прилеп гласале 21,69, а во Крушево 33,88 проценти
-
Во Прилеп лишени од слобода две лица поради „поткуп при избори и гласање“
-
Локални избори 2025, вести во 14:00 на Сител Телевизија
-
До 13 часот во Чашка излезеноста 40 проценти, во Градско 26,01
-
Излезноста до 13 часот на ниво на држава е 20,16%