Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Курбан-бајрам
Претседателот Ѓорге Иванов по повод верскиот празник Курбан-бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија.
- На овој празник, верниците од исламска вероисповед принесувајќи жртва – курбан го прославуваат приближувањето на човекот кон Бога. Овој ден е присетување на Ибрахимовата подготвеност да го жртвува својот син како знак на покорност кон возвишениот. Одбележувањето на Курбан бајрам го крунисува и аџилакот кој ја симболизира љубовта кон верата, обединувањето, солидарноста и отвореноста. Муслиманите низ светот го слават „празникот на жртвата“ како ден кога благосостојбата ѝ подава рака на сиромаштијата, помагајќи и споделувајќи со фамилијата, пријателите и сиромасите, нагласувајќи ги сите човечки доблести, вели во честитката претседателот Иванов.
Честитајќи им го празникот на сите верници од исламска вероисповед, Иванов им посакува благосостојба и мир во нивните домови.
Ново на Сител
-
Блумберг: САД подготвуваат напад врз Иран во наредните денови
-
Продолжуваат нападите меѓу Израел и Иран, ИДФ повика на евакуација во иранскиот град Арак
-
Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште
-
Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска