Честитка од претседателот Иванов до Франсоа Оланд по повод Денот на Бастиља
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод Денот на Бастиља - Националниот празник на Француската Република, упати честитка до неговиот француски колега Франсоа Оланд.
- Дозволете ми, во оваа пригода да искажам високо уважување за зацврстувањето на односите меѓу Република Македонија и Француската Република. За Република Македонија од особено значење e француската поддршка на нашите цели, членството во НАТО и Европската унија. Имајќи ги предвид бројните безбедносни закани за регионот, пролонгираната status quo состојба во европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија веќе не е само политичко туку и безбедносно прашање, вели претседателот Иванов во честитката.
Додава дека затоа улогата на Франција како искрен поддржувач на перспективите за евроатланска интеграција на Македонија, како и досега, и во иднина за нас ќе биде од стратегиско значење.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР