Македонија
14. July 2015 - 14:29

Честитка од претседателот Иванов до Франсоа Оланд по повод Денот на Бастиља

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод Денот на Бастиља - Националниот празник на Француската Република, упати честитка до неговиот француски колега Франсоа Оланд.

- Дозволете ми, во оваа пригода да искажам високо уважување за зацврстувањето на односите меѓу Република Македонија и Француската Република. За Република Македонија од особено значење e француската поддршка на нашите  цели, членството во НАТО и Европската унија. Имајќи ги предвид бројните безбедносни закани за регионот, пролонгираната status quo состојба во европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија веќе не е само политичко туку и безбедносно прашање, вели претседателот Иванов во честитката.

Додава дека затоа улогата на Франција како искрен поддржувач на перспективите за евроатланска интеграција на Македонија, како и досега, и во иднина за нас ќе биде од стратегиско значење.