Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан Бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху.
-Почитуван реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, Вам, лично, на членовите на Ријасетот, на муфтиите и имамите, како и на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, Ви упатувам најсрдечни честитки по повод големиот муслимански празник - Рамазан Бајрам.Големиот празник е повеќе од традиционална прослава и од придржување до норми и правила. Рамазан Бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов, се вели во честитката од Сиљановска-Давкова.
Енергијата и топлината на светиот месец, се додава, не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, тие се чувствуваат во целата заедница.
-Во време когa целото човештво се соочува со сериозни конфликти, војни, кризи, климатски промени и кога насушно ни се потребни мир и стабилност, само со сплотеност, почитување и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина. Да продолжиме да ја негуваме пријатната атмосфера во текот на целата година и да бидеме исполнети со благост, солидарност и емпатија. Со цврста волја, силна верба и заедништво, ќе ги надминеме сите предизвици и тешкотии. Бајрам Шериф Мубарек Олсун.Благословен и честит нека е празникот Рамазан Бајрам, с епотенцира во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам.
Ново на Сител
-

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
-

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
